За НАС

Skopje Legal Hackers

Skopje Legal Hackers е Македонското поглавје на глобалното движење на Legal Hackers - кое на едно место обединува адвокати, креатори на политики, програмери, инженери, академици итн, кои истражуваат и развиваат решенија за некои од најактуелните појави кои се наоѓаат на пресекот помеѓу правото и технологијата.

Низ локални средби, хакатони и работилници Legal Hackers наоѓаат можности преку кои технологијата ќе ја подобри имплементацијата на правото, како и начинот на кои правото ќе може да се адаптира на брзите промени во технологијата.

We Talk IT

WeTalkIT е непрофитна и волонтерска заедница, составена од девелопери. Aктивностите на заедницата се структурирани во 4 столбови, меѓу кои, промовирање и поддршка, развој на кариерни можности, споделување на знаења и личен напредок на девелопери во Македонија, како и креирање и имплементирање на проекти кои што се од корист за граѓаните на Македонија.

Повеќе за организацијата и активностите тука.